Гугл знае многу за вас: Еве како да избришете сè што се сеќава


Google знае многу за вас – за среќа, постои лесен начин да го избришете.

„Кога користите сајтови, апликации и услуги на Google, дел од вашата активност ќе биде зачувана во вашата сметка на Google“, објаснија од таму.

„Ова може да го најдете и избришете во делот „Моја активност“, а за повеќето работи можете да го исклучите складирањето активности во секое време“, се додава на блогот на компанијата.

Бришење поединечни активности
Веројатно е најлесно да го избришете поединечно она што не сакате да биде запишано во историјата на вашите активности.

Може да биде едно пребарување што сте го направиле, или страница што сте ја посетиле, во секој случај механизмот е ист.

Сè што треба да направите е да отворите: myactivity.google.com. Оттаму, скролувајте надолу додека не ја пронајдете активноста што сакате да ја избришете, а потоа само отстранете ја.

„Нуклеарна опција“
Ако се одлучите за „нуклеарна опција“, односно бришење на целата историја на активности, можете да го направите и тоа.

Неопходно е да изберете „Delete“ и потоа „All Time“ во горниот дел на екранот, над вашите активности.

Од таму, изберете „Следно“ -> „Избриши“ и ќе избришете сè што Google памети за вашите активности.

Автоматско бришење
Можете исто така да поставите Google автоматски да брише некои од информациите за вас. На Android, отворете Поставки, а потоа Google -> Magane Google Account -> Data & Privacy -> History Settings.

Таму, пронајдете ја активноста што ја сакате, потоа „Автоматско бришење“, изберете ја временската рамка и само потврдете.

Ако користите iPhone, ова ќе го најдете во апликацијата Gmail, а на компјутер треба да отворите сметка на Google преку интернет прелистувач.