Гугл преку Андроид ќе ги предупредува Украинците на воздушни напади
Корисниците на уреди со оперативен систем Андроид во Украина ќе добиваат предупредувања за воздушни напади пред да се случат во нивна близина, соопштија од Google.
Во пост на блогот, Google ја потврди соработката со украинската влада во намерата да стави функција во системот за предупредување од воздушни напади, кој е наменет за мобилни со оперативен систем Андроид.
„За жал, милиони луѓе во Украина се потпираат на стандардните тревоги и предупредувања за воздушни напади за да се обидат да се засолнат“, пишува во постот.
Предупредувањата преку Андроид ќе бидат базирани на оние кои веќе ги праќа украинската влада и на системот кој е развиен за побрзо да праќа предупредувања од земјотреси, истакна Дејв Бурк, потпретседател за развој на Андроид.
Google веќе понуди и истакна апликација Ukrainian Alarm на Google Play Stor која праќа предупредувања за напади на Украинците во регионите со активно предупредување за напад. Новиот систем е достапен од деенска и ќе стигне на сите Андроид мобилни во следните денови.
Од почетокот на инвазијата над Украија, Google го намали своето присуство во Русија. Сопрена е продажбата на реклами, а апликациите на руските медиуми кои ги финансира владата на Русија се тргнати од Google Play во Европа.
„Руската инвазија на Украина е трагедија и хуманитарна катастрофа во најава“, објавено е на Google на 1 март. Компанијата потврди дека вложува напори да им помогне на луѓето во Украина по пат на своите производи, да ги одбрани од кибер закани и понуди квалитетни и доверливи информации за да се обезбеди сигурност.