Гугл мапс во реално време ја покажува пополнетоста на автобусите и возовите
Дури и во најдобри времиња не е пријатно да се биде во воз или автобус полн патници, а сега, во време на корона вирус тоа е и опасно. Поради тоа, компанијата Гугл се обидува на корисниците на јавен превоз да им помогне.
Гугл во своите алатки постави можност со која во реално време приакажува колкав метеж има во воз или автобус.
Ова е една од речиси 250 нови можности на Мапс кои Гулг ги воведе од почетокот на пандемијата со корона вирус. Меѓу нив се и клучните информации за заштита на здравјето со предупредувања кои се однесуваат на корона вирусот.
За да пружи нова услуга, Гугл мапс користи податоци од други корисници на истата апликација за да пресмета колку мобилни телефони, односно луѓе има во возот или во автобусот во тој момент.
Мапс наскоро ќе понуди слична функција која ќе ги известува корисниците за врмеето на достава на храна, како и за статусот на доставата во реално време.