Гугл мапс ќе покажува каде има најмногу заразени

 

Гугл најави ажурирање на апликацијата Гугл Мапс, а иновацијата подражбира дека наскоро ќе можеме да видиме во кои области на мапата има најмногу заразени од корона вирусот.

Функцијата на Гугл Мапс стигна денеска, а наскоро треба да биде достапна во 220 земји ширум светот. Податоците ќе бидат прикажувани како црвени точки, а што е поцрвено, тоа повеќе заразени има на 100.000 жители.

Некаде, податоците ќе бидат толку прецизни што ќе може да видиме и колку заразени има во одредени делови од градот, но тоа зависи од тоа колку податоци ќе присобере Гугл за некоја територија, пренес е Tech Radar.

Податоците потекнуваат од бројни извори, како што се „Џон Хопкинс“, Википедија или Њујорк тајмс, а тие податоците ги добиваат од локалните и меѓународните организации.

Значи, во прашање се истите податоци кои Гугл веќе ги користи за да прикажува важни информации за корона вирусот.