Гугл ја гаси апликацијата „стрит вју“


 

Гугл, традиционални, продолжува со гасење на своите услуги, а сега на ред е „стрит вју“ апликацијата.

„Стрит вју“ е едноставен начин за добивање 360° приказ, во речиси секоја улица на планетата, што ја прави совршена алатка за стекнување на ран впечаток за следната дестинација за патување или едноставно истражување на светот од удобноста на својот дом.

Иако апликацијата „Гугл мапс“ долго ја нуди опцијата „стрит вју“, на корисниците им беше достапна и посебна „стрит вју“ за „андроид“ и „iOS“ уреди.

Оваа самостојна апликација им служи на две различни групи луѓе – на оние кои сакаа детален „стрит вју“ приказ и на оние кои сакаа да придонесат со сопствени снимки од 360°.

Со оглед дека попопуларната „гугл мапс“ апликација има поддршка од „стрит вју“, како и дека Гугл нуди веб апликација „Street View Studio“, сознанието за гасење на самостојната апликација не би требало да е изненадување, иако по пат на „гугл плеј“ продавницата е преземена повеќе од милијарда пати.

Гугл за ова не се огласи официјално. Во најновото ажурурање, компанијата приготви повеќе соопштенија за гасењето, кои ги забележаа стручњаците кои ги анализираат новите изданија на апликациите. Во известувањата се поттикнуваат корисниците да преминат на „мапс“ и се наведува дека самостојната апликација ќе биде исклучена на 31 март 2023 година, пишува SmartLife.

Иако корисниците нема да изгубат премногу функционалности поради оваа одлука, гасењето на апликацијата ќе значи и крај за „фото патс“ функцијата која беше претставена лани.

Функцијата „фото патс“ е замислена како начин да се овозможи на речиси секој кои има паметен телефон да приложи едноставни дводимензионални фотографии од улици или патеки кои компанијата уште не ги документирала.