„Гучи“ под истрага


Фиренца– Италијанската финансиска полиција извршила претрес во објектите на производителот на луксузни стоки „Гучи“ како дел од истрагата на Европската комисија во неколку земји за можни прекршувања на прописите за пазарна конкуренција, потврди компанијата.

Претресени се објектите на „Гучи“ во кои се произведуваат патни чанти, чанти и други кожни производи, потврдија од компанијата за Ројтерс. ЕК објави дека регулаторите извршиле претрес во просториите на компании од модниот сектор во неколку земји од ЕУ. Комисијата се сомнева дека компаниите можеби го прекршиле законот на ЕУ за конкуренција, кој забранува картели и рестриктивни деловни практики, вклучувајќи хоризонтални и вертикални спојувања.