Гучи и Норт Фејс со нова линија облека и обувки- луксузен комфор за подлабок џеп


САД- Gucci и The North Face продолжуваат со соработката вредна за возбуда.

Слично како и архивските дизајни од 70-тите од првата соработка, новата соработка од колекцијата на италијанската модна куќа предводена од Алесандро Микеле и гигантот за зимска облека е во стилот на 90-тите. Колекцијата од 130 парчиња, за мажи и жени, се состои од облека реди ту веар , меки додатоци, багаж, чевли и папучи со крзно, вклучувајќи многу парчиња како планинарски чизми, ранци со повеќе џебови и изолирани јакни кои ја зајакнуваат нејзината намена за на отворено. 

 

Светли бои и неколку цветни принтови создадени во партнерство со The North Face се издвојување во колекцијата. Љубителите на логоманијата, исто така, ќе бидат среќни да го видат логото North Face x Gucci вградено во обувките во колекцијата.

Колекцијата ќе биде дистрибуирана низ ограничен број продавници на брендот Гучи. Посебен избор на производи ќе биде достапен и во продавниците на The North Face во Њујорк, Пекинг, Шангај и Токио, како и на gucci.com.

Првата колекција на Гучи со Норт Фејс дебитираше во Кина кон крајот на минатата година, со деби во САД ова во јануари, кое брзо беше распродадено.