Гуаидо со армијата ја почнува завршната фаза од борбата против Мадуро


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го подржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Гуаидо на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.

Гуаидо изјави дека бил во воздушната Каракас ла Карлота.

– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука, и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече тој.