Гуаидо: Не отфрлам странска воена интервенција


Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо ја разгледуваат странската воена интервенција како крајна мерка за справување со претседателот на Николас Мадуро.

„Не отфрлам воедна интервенција, затоа што потполно е јасно за што се работи во режимот на Мадуро“, рече Гуаидо за бразилскиот весник „Fola de Sao Paulo”, пренесе Тас.

„Но, тоа е крајна мерка. Важно е прво да се обидеме да обезбедиме мирна транзиција“, додаде Гуаидо.

Во судирите на опозицијата и полицијата од вторникот, според податоците на невладините организации, загинаа четворица, а околу 300 се повредени.