Група во холандска ќелија ослободена чекајќи го со години „крајот на светот“


Група, која е опишана од локалните медиуми како маж и неговите возрасни деца, е пронајдена откако неколку години живеела во визбата на оддалечена фарма во североисточната холандска провинција Дренте „чекајќи го крајот на светот“.

Групата од шестмина беше откриена откако најстариот син (25) го посети локалниот бар, кафеаната „Кастелајн“. Во првата пригода, пред 10 дена, тој „ сам нарачал и испил пет пива“, изјави сопственикот Крис Вестербек за радиодифузерот РТВ Дренте.

Кога момчето повторно се појави минатата недела, тој „изгледаше збунет“, рече Вестербек. „Беше необичен, со долга испреплетена коса. Почнавме да разговараме. Тој рече дека избегал и дека му е потребна помош и дека никогаш не бил на училиште. Потоа ја повикавме полицијата“.

Немаше индикации колку долго живееле таму или каде се наоѓа нивната мајка. Весникот „Алгемен дагблад“ (АД) објави дека полицијата ја разгледува можноста таа да починала и да била погребана на имотот.

Сопственикот на барот му кажал на локалниот весник „Дагблад ван хет норден“ дека човекот рекол оти има помлади браќа и сестри кои живеат во подрумот, дека сите „сакале да го прекинат начинот на кој живеат“, а тој не бил надвор девет години.

Полицијата во Дрент на Твитер потврди дека посетила куќа во блиското село Руинерволд откако „била предупредена за загриженоста за животните услови на голем број луѓе што живеат таму во затворен простор“.

Шест возрасни лица беа згрижени, потврди полицијата, додека 58-годишен човек, кој ја изнајмувал фармата, беше уапсен откако одби да соработува со нивната истрага.

Полицијата вели дека човекот, наречен од локалните медиуми како Јозеф Б, не бил татко на младите луѓе.

Неколку соседи во селото со 4.000 жители раскажале за РТВ Дренте дека тие само виделе маж кој возел стар автомобил „волво“ на имотот и претпоставувале дека таму живее сам, иако еден рекол дека видел мали деца таму пред неколку години.

Еден сосед за весникот „Телеграф“ изјави дека човекот зборува германски и во селото е познат како Австриец. Човекот, кој, наводно, се преселил пред девет години, бил „многу остар“, рече соседот. „Тој гледаше сè преку двоглед“.

Додека холандските медиуми велат дека групата е семејство, портпаролката на полицијата одби да ја потврди точната врска меѓу нив.

„Наша примарна грижа е за членовите на семејството“, рече таа. „Она што точно се случи во куќата на фармата е сè уште нејасно. Ги истражуваме сите можни сценарија“.

Цитирајќи неименувани извори, РТВ Дренте рече дека полицијата пронашла скриени скали кои воделе кон скриеното место зад шкафот во дневната соба. Таткото беше во кревет откако претрпе мозочен удар пред неколку години. Децата биле на возраст меѓу 16 и 25 години.

Холандските медиуми соопштија дека групата се чини дека воопшто немала контакт со надворешниот свет и живеела во голема мера самодоволен живот, очигледно одгледувајќи свој зеленчук и чувале коза и гуски.

Сопствениците на фармите, Клас и Алида Роуз, дода изјавија за АД: „Ние не знаевме апсолутно ништо за ова. Куќата ја изнајмуваме со години на индивидуа и сега дознаваме дека човек живее таму со деца. Не знаеме кој може да биде ова“.

Локалниот градоначалник, Роџер де Грот, на прес-конференција изјави дека ситуацијата е вонредна и дека може да даде неколку дополнителни детали. „Засега, полицијата има многу неодговорени прашања“, рече тој додавајќи дека повеќето од семејството се чини дека не се регистрирани кај локалните власти.

„Полицијата ја процени ситуацијата и пронајде голем број соби со импровизиран мебел, каде што едно семејство живее изолирано“, рече тој. (Гардијан)