Група британски пратеници се обидува да ја принуди Меј на дополнителни одложувања на Брегзит


Група британски пратеници денеска соопшти дека ќе се обидат да усвојат закон кој би ја принудил премиерката Тереза Меј да побара одложување на британското заминување од Европската унија, и со тоа би се спречило потенцијално хаотично сценарио на напуштање на Унијата без договор на 12 април.

Парламентот до сега не успеа да собере мнозинство за секоја алтернатива на договорот на Меј, кој го одбиваше три пати.

Напуштањето на ЕУ без договор на 12 април е зададена законска опција која би се појавила доколку Британија не стигне да понуди друга опиплива опција на челниците на ЕУ на вонредниот самит посветен на Брегзит кој ќе се одржи на 10 април.

– Сега сме во вистински опасна ситуација, со растечки ризик за сценарио без договор во рок од десет дена, изјави опозициската пратеничка Ивет Купер, која го предложи законот заедно со седуммина други пратеници од неколку партии, вклучувајќи и конзервативци од партијата на премиерката Меј.

– Премиерката има одговорност да спречи да се случи тоа, доколку Владата не дејствува итно, тогаш Парламентот ќе има одговорност да обезбеди тоа да се случи, дури и во случај да го пробиеме рокот, рече Купер.

Претседавачот со Долниот дом на британскиот Парламент Џон Беркаѕ изјави дека не е невообичаено предлог закон да биде усвоен во еден ден во Долниот дом.