Груевски: Заев е хај и пред гудбај, не побегнав во багажник


Ова е најсериозната пресуда за еден политичар во Македонија за крадење пари од партијата (Фото: Б. Грданоски)

Поранешниот премиер, Никола Груевски му одговори на актуелниот претседател на владата, Зоран Заев дека побегнал во багажник. Азилантот во Будимпешта вели дека Заев, кој со фамилијата е влезен во бизнис со марихуана, е хај и пред гудбај.

„Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми. Гледате, тој замислил дека сум заминал, како што неодамна слушнав дека кога беше во опозиција него го носеле и враќале тајно во една соседна држава ’на консултации’. Секој си тргнува од себе. Па веројатно си рекол: ’ако можев јас да влегувам во багажник за да го сменам името, историјата и идентитетот, зошто пак не тој затоа што не ги смени…”, пишува Груевски на својот профил на Фејсбук.