Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО


Експремиерот Никола Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Најавите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дека во новиот статут ќе нема место за титулата „почесен претседател“, всушност, нема да го чепнат денешниот азилант во Унгарија, бидејќи ниту во сегашниот нема точка која предвидува дали некој ќе стане почесен претседател.

Тоа е право исклучиво на највисокото партиско тело – Конгресот, кој му ја додели титулата на Груевски на последниот Конгрес во Валандово во декември 2017 година кога Мицкоски стана лидер. Од тие причини, како што велат во ВМРО-ДПМНЕ, не постои можност да се отповикува одлуката на Конгресот. (Г.А.)

Фото: Борис Грданоски