Поранешниот премиер, Никола Груевски можно е да не одговара во случајот „Насилства во општина Центар“.Адвокатот Петар Тимовски, кој му е назначен на Груевски по службена должност, на денешното рочиште доставил поднесок до судот дека Груевски е помилуван и оти не може да одговара во овој случај. Тој се повикал на помилувањето од страна на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Кривичниот суд го одложи рочиштето за случајот „Насилство во општина Центар“ за 17 септември, по барање на новиот адвокат на обвинетиот, Александар Трајковски, да се запознае со предметот.

Во предметот „Насилство во Центар“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште 11 лица за насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.