Груевски посака да го брани Заев


Понекогаш ми доаѓа да го бранам Заев, наведува поранешниот премиер Никола Груевски преку својот Фејсбук профил по повод актуелните случувања во земјава, со посебен осврт на многубројните скандали што се случуваат во последно време
Никола Груевски веќе неколку месеци е во Будимпешта, кадешто доби азил од унгарските власти, откако избега од земјава по изречената двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“, отворен од СЈО, кој се однесуваше на незаконски постапки при набавка на луксузен „мерцедес“ преку МВР.