Груби: Скопје и Софија треба да ги надминат несогласувањата, а Софија да дозволи почеток на пристапните преговори

Северна Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Софија треба да дозволи Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби .

– Северна Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Бугарија треба да се согласи со одржувањето на првата меѓувладина седница по што ние сме обврзани да ги спроведуваме сите предвидени правила од добрососедскиот договор со Бугарија. Така што, ова е билатерално, значи ние треба да го спроведеме договорот, Бугарија треба да дозволи одржување на оваа меѓувладина седница и да започнат преговорите во духот на доброто пријателство, рече Груби на новинарско прашање коментирајќи ставови на Захариева во интервјуто за Велт на заедничката прес-конференција со вицепремиерката на Р Косово, Албулена Балај Халимај.