Груби: Именувањето директори е со конкурс и исполнување критериуми


 Назначувањето на новите директори на институции е во согласност со објавени конкурси и исполнување на критериуми кои се бараат, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на заедничката прес конференција со Албулена Балај Халимај, вицепремиерка на Косово.

-На вчерашната седница на Владата именувавме неколку директори по објавени конкурси и по исполнување на сите услови. Така како што ветивме пред јавноста, така постапивме. Објавивме јавен конкурс за заменици директори и директори, аплицираа заинтересираните луѓе. Тие кои ги исполнуваа условите, и во некои случаи беа и единствени кандидати ги избравме на вчерашната седница на Владата. Секоја Влада, секоја политичка партија  на изборите ветува програма која сака да ја оствари. За да ја имплементира ќе мора да ги избере најспособните луѓе на кои им верува на кои ќе им додели одгворност да ја спроведат таа програма. Затоа, секоја Влада сноси одговорност за секое именувано лице. Јавноста и граѓаните треба да судат според спроведеното, според тоа коку е исполнета нашата програма последните три и пол години од ова владејачко мнозинство, рече Груби, одговарајќи на новинарско прашање дали новите директори се назначени како партиски кадри или според стручност..

За забелешките за работатата на директорката на ПИОМ Биљана Ивановска и поплаките од вработени Албанци за наводно деградирање, Груби рече дека за оваа тема разговарал денеска со премиерот, ќе се проверат наводите во медиумите и на вработените, а потоа, рече, ќе бидат преземени и мерки.

-Во однос на употребата на албанскиот јазик, неспорно е дека институцијата треба да го почитува Законот за употреба на јазиците, рече Груби и го повика директорот на инспекторатот Фатмир Исени да го испита ова прашање.

За инцидентот со службениот автомобил во собранието кој тој го користел, нагласи дека не бил насочен кон него лично, за што има и извештај од полицијата.