Груби – Гир: Спорот со Бугарија треба што поскоро да се реши, време е за датум


Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари средба со евроамбасадорот, г. Дејвид Гир.

Шефот на Канцеларијата на ЕУ, амбасадорот Гир изрази сочувство за трагичниот случај во Бугарија, давајќи поддршка за решавање на случајот во соработка меѓу двете земји.

Поддршка за развојните и интегративните процеси на Република Северна Македонија во Европската Унија со посебен акцент на натамошното унапредување на реформските процеси и политиките на дијалог и стратешките цели на државата, беа само дел од разговорот меѓу двајцата соговорници.

Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, со посебен акцент постигнувањето на договор што е можно поскоро и надминување на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност и решавање на дискутираните прашања во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија.

Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од другата страна тоа може да влијае на безбедноста на земјата, регионот, но истотака понапорно да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните.

Меѓу другото, Груби и Гир разговараа за политичката состојба во земјата, процесите низ кои минува Република Северна Македонија, како и потребата од поголема свест кај сите политички субјекти за поадекватно функционирање на Собранието и на проширување на парламентарното мнозинство, во корист на потребите на граѓаните и спроведувањето на европската агенда.