Груби: ДУИ ќе одлучува кој ќе формира Влада


Барањето Албанец премиер сега веќе отворено се поставува  како услов  од ДУИ со кој интегративците најавуваат дека ќе водат преговори за состав на новата Влада. ДУИ и овој пат ќе биде партија која ќе одлучува кој ќе го формира новиот владин состав, тврдел Артан Груби во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21. Тој рече дека гласовите кои ќе ги освојат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат блиску и затоа онаа партија која ќе ги прифати нивните барања ќе формира владина коалиција.

„Според анкетите, ако сметаме на нив, се гледа дека гласот на ДУИ повторно ќе биде одлучувачки за формирање Влада, како што се изгледа двете македонски партии ќе бидат многу блиску со гласови, разликата може да биде 1 или 2 пратеници, и ниедна нема да може да формира влада без гласовите во Собрание од ДУИ, и ова е златна можност да го повториме тоа што го направивме во 2016 во клучните процеси за земјава, сега со клучни позиции за земјава“, истакна Артан Груби.