Груби: Без Охрид, ќе ги немаше Преспа и НАТО
Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година, истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конгеенцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.
– Драги пријатели, рамнотежата бара целосна еднаквост. Рамнотежата да се живее заедно значи да живееме еднакво. Бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно. Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат. И токму тука ја наоѓам суштината на еднаквоста, во демократијата. Кога демократијата е правилно спроведена и разбран, таа ги апсорбира поединецот и заедницата бидејќи нуди еднакви можности и бара повратно одговорности и обврски кон неа, Затоа, ценам дека лојалноста на поединецот и заедницата кон државата започнува со лојалноста на државата кон поединецот и заедницата, рече Груби.
Наглаис дека со Рамковниот договор ниту една заедница, ниту еден граѓанин не загуби, напротив сите заедници, сите граѓани имаа корист, а С Македнија од земја во војна стана земја членка на НАТО и со зелено светло за членство во Европската унија.
– Заедничкиот успех на домашните лидери и меѓународни пријатели, ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, граѓанското општество и медиумите, луѓе кои ги делат истите вредности и од бездната на војната, ја претворија мојата земја во место на надеж и успешна приказна. Денес сакам да се присетам на сите оние кои во 2001 година ја спасија мојата земја и не научија како да се постигне рамнотежа, многу од нив денес се меѓу нас, ви благодарам, некои од нив не се денес со нас, ви благодарам многу, а некои веќе не се со нас, како претседателот Трајковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Џејм Пардју на кои ви велам дека нема да ве заборавиме и ви благодариме, кажа Груби.
Нашиот предизвик „По Охрид“, како што порача, е владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, прифаќање на разновидност и вклученост, кредибилни демократски институции и квалитет на живот преку прифаќање на зелената агенда.
– Да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО, но не смееме да застанеме тука и мора да смогнеме сила да го спроведеме и третиот договор со истата храброст и посветеност што ја запечатува нашата европска иднина. Да водиме, да не се водиме, да работиме за следните генерации, а не за следните избори. Договорите од Охрид и Преспа не научија дека оваа земја, овој народ, овој регион, не може да биде дом на евроспектицизмот, туку напротив, колку е поголем предизвикот, толку е поголема нашата посветеност бидејќи драги пријатели: Нашето сонце изгрева на запад, истакна првиот вицепремиер Артан Груби.
Охридскиот рамковен договор ги постави новите правила на општествената кохезија и подоброто меѓуетничко функционирање, и беше најцврстиот темел врз кој го трансформиравме видливо нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество, оцени претседателот на Собранието Талат Џафери.
– Издржавме цврсто и се трансформиравме како општество, созреавме како политичари, како граѓани, ни се отворија хоризонтите и успеавме да ја согледаме големата слика пред која стоиме сите заедно, со една заедничка јасна цел пред нас – а тоа е, Република Северна Македонија да биде успешна приказна за напредна парламентарна демократија, современа, сега веќе полноправна земја-членка на НАТО, со надеж набрзо и член на големото европско семејство, меѓутоа над се, дом на сите припадници на различните етнички, верски, културни заедници, дом на сите граѓани! На овој пат, имаме безрезервна поддршка од нашите меѓународни пријатели и стратешки партнери кои беа до нас и го помогнаа концептот и постигнувањето на мирот со отворен и непосреден политички дијалог и се до нас и сега кога ги уживаме резултатите од неопходноста, моќта и ефективноста на Охридскиот договор, рече Џафери.
Рамковниот договор, наведе претседателот на законодавниот дом, ја промени иднината на земјата, беше најдобар патоказ за обезбедување на стабилноста, одржливоста и конструктивниот дијалог, што овозможи Република Северна Македонија да биде успешна сторија која е пример, не само во регионот туку и пошироко.
– Договорот овозможи и простор за третирање на прашања во однос на почитувањето на правата на сите заедници, правичната и соодветна застапеност, вклучувањето во политичкото и институционалното одлучување и неговата имплементација влијаеше врз подигнувањето на граѓанската свест во насока дека придонесот на секој граѓанин во земјава е еднаков и дека за вистински соживот, заложувањето на секој поединец е повеќе од ценет и добредојден придонес, додаде Џафери.
Посочи дека основањето на Комитетот за односи меѓу заедниците и серија други институции е реалност која е резултат на помирувањето, меѓуетничкото почитување и соработка.
– Ова што ви се обраќам на албански е реалност и знак дека имаме за што да бидеме горди, меѓутоа, никако да сметаме дека сме ја завршиле домашната задача, затоа што, како што вели и слоганот на манифестацијата – „ПОСЛЕ ОХРИД“, процесот продолжува, предизвиците не се исцрпуваат и нашето патешествие како држава ќе се заокружи тогаш кога ќе ја исполниме и нашата втора стратешка определба и цел, односно, по полноважното членство во Сојузот на НАТО, да почнеме преговори и со Европската Унија, по определувањето на датумот за одржување на првата меѓувладина седница на Република Северна Македонија – Европска унија. И, повторно, ништо не завршува тука! Грижата и обезбедувањето на правата и слободите, се разбира и обврските на секој граѓанин во земјава остануваат сега и засекогаш, прв, втор и последен приоритет на сите нас!, порача Џафери.