Грковска писмено го укори Тупанчески за патувањето во Палермо


 

Во несекојдневен случај за македонската политика вицепремиерката за добро владеење му напиша писмена опомена на министерот за правда Никола Тупанчевски за неговиот контроверзен пат во Палермо на фудбалскиот натпревар Италија – Македонија. Како што се испотастави, Тупанчевски заедно со судијата Лазар Нанев и обвинителката Фатиме Фетаи во Палермо си го платиле сами спиењето, додека патот и билетите биле на сметка на ФФМ.

Според напишаното во опомената, Тупанчевски со патувањето ги прекршил членовите 12 и 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата. Грковска му предочува на Тупанчевски дека согласно одредбите пропишани во Кодексот носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција.

Истовремено, врз основа на анализите направени изминатиот месец и утврдените слабости во Кодексот, а во соработка со меѓународните партнери од кабинетот на Грковска најавуваат подобрување на решенијата предвидени во Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од неа.