Гризман официјално во Атлетико Мадрид до 2026


Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го формализираше денеска трансферот на францускиот репрезентативец Антоан Гризман до 2026 година.

„Атлетико Мадрид и Барселона постигнаа договор за трансферот на Антоан Гризман, кој од летото 2021 година до денес игра за нашиот клуб како позајмен од Барса“, соопшти мадридскиот клуб.

Во клупското соопштение се прецизира дека францускиот фудбалер потпишал нов договор кој е со важност 2026 година.