Грета Тунберг мисли дека има коронавирус

Шведска– Грета Туберг мисли дека е „многу веројатно“ да има коронавирус.

Таа на Инстаграм напиша дека изминативе две недели била во изолација.

– Пред околу десетина дена, почнав да чувствувам некои симптоми, точно во исто време со татко ми, кој патуваше со мене од Брисел, пишува таа.

– Се чувствував уморна, се тресев, имав болки во грлото и кашлица. Татко ми ги имаше истите симптоми, но беа поинтензивни и тој имаше треска, продолжи таа.

Таа вели дека сега се малку закрепнала, но бара од луѓето да размислуваат за своите постапки и да бидат одговорни.