Грците подготвуваат „карантински соби“: Кој ќе се зарази, вака ќе летува


 

Грчката влада издаде нови, задолжителни насоки за хотелите ширум земјата во врска со можните случаи од Ковид-19.

Сега од сите хотели се бара да обезбедат „сигурни соби„, односно изолациски подрачја за потврдени случаи, во кои клиничката состојба на пацинетот е такво да не му треба болничка нега.

Властите велат дека ова е привремено решение, кое наскоро ќе биде заменето со стварање мрежа од „карантински хотели“, а овозможува продолжување на обновата на грчкиот туризам.

Насоките предвидуваат дека за сите сместувачки капацитети до 10 соби, потребно е да имаат една карантинска, оние до 50 соби, треба да имаат две карантински, а тие со повеќе, 3 отсто од капацитетот.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, изјави дека продолжувањето на грчкиот туризам е сигурно негов најголем приоритет.

„Денеска е направен важен чекор за да се обезбеди чувството на сигурност. Но, има уште да се работи. Секој ден сме се поблиску до целта“, рече тој.