Грците денес избираат меѓу Мицотакис и Ципрас


Денеска грчките гласачи излегуваат на гласање за да изберат претставници во 300-члениот парламент на Грција. Речиси 10 милиони Грци со право на глас ќе гласаат за партијата и политиката што ќе ја води земја или пак ќе одлучат да излезат на гласање на 2 јули. Од нив околу 440.000 првпат ќе излезат на гласање.

Социолозите и политичките аналитичари очекуваат битката да се води меѓу три главни партии.
Најсериозни претенденти за власт се актуелниот премиер Киријакос Мицотакис од конзервативната „Нова демократија“, поранешниот премиер Алексис Ципрас од
левичарската СИРИЗА и поранешниот европратеник и лидер на ПАСОК ,Никос Андрулакис.

Според локалното законодавство, сите грчки државјани кои наполниле 17 години во изборната година се запишуваат во избирачкиот список. Годинава и грчките гласачи во странство ќе можат да го остварат своето право да гласаат доколку ги исполнуваат  условите. Вкупниот број на Грци кои изразиле желба да гласаат во странство е 22.855. Најбројни меѓу нив се оние во Велика Британија , па  Германија, Холандија и САД.
Прогнозите се дека е малку веројатно дека ќе се формира влада по изборите во Грција
 и се очекува во земјата да се одржат нови избори во јули. Причина за тоа е специфичноста на изборниот систем во државата што ќе отежне за која било партија да собере мнозинство за самостојно да формира влада. Во исто време, нема можност за создавање коалиции.

Ова ќе бидат први избори од 1990 година на кои нема да се применува системот на бонус места. Засилениот пропорционален изборен систем беше норма за Грција долги години. Со него се добиваа места по пропорционална застапеност, но партијата со најмногу гласови
добиваше и фиксен бонус од 50 места. На овој начин системот го фаворизираше парламентарното мнозинство на една партија од првиот круг на изборите.

Во 2016 година СИРИЗА, која беше главен партнер во тогашната влада, предложи
Предлог-закон за укинување на зајакнатиот пропорционален систем. Наместо тоа тие
воведоа пропорционален систем на застапеност на партиски листи, кој има за
за цел да ги направи почести коалициските влади. Според овој нов систем
парламентарното мнозинство на една партија сега можеше да се постигне само со
минимален удел од 45% од гласовите.

Сепак,  законот се промени во 2020 година, кога владата на Нова
демократијата го укина пропорционалниот систем на застапување со партиски листи.
Наместо тоа, тие повторно воведоа систем сличен на системот на супермнозинството.
Главната разлика е во тоа што големината на мнозинскиот бонус сега зависи од уделот на
националното гласање на најголемата партија. Овој бонус се движи од минимум 20 места 
 до максимални 50 пратенички места со добиени  40% гласови и повеќе. Ако уделот на гласовите на првата партија падне под 25%,  нема да биде доделен мнозински бонус. Оваа промена значи  дека апсолутно мнозинство може да постигне водечката партија доколку добие најмалку 38% од гласовите. Овој систем ќе се применува и за време на вториот круг од изборите.

Целата изборна кампања се одвиваше во позадина на трагичната железничка несреќа во
Темпо. Политичките аналитичари сметаат дека недостигале гласни ветувања,
дека имало „празен разговор“ и, воопшто, кампањите не беа исполнети со надежи.
Посебно внимание се посветуваше на младите луѓе кои се под силно влијание на високата
невработеност во земјата.

Иако во 2022 година Грција забележа раст од 5,9%, Ципрас тврди дека придобивките од тоа не биле големи за населението бидејќи многу работници сè уште примаат плата што не е во чекор со вртоглавите трошоци. Тој бара зголемување на платите, што според Мицотакис ќе чини повеќе од 80 милијарди евра. Проценката на Ципрас е четири пати помала и тврди дека Грција може да добие поголема финансиска помош од ЕУ.

Отфрлајќи ги обвинувањата за фискална неодговорност, Ципрас рече дека со негов
менаџмент Грција „безбедно излезе од спасувачката програма, повторно преговараше за 
државниот долг и оставил 37 милијарди евра во државната каса“. Но, Мицотакис, кој никогаш не изгубил на избори против Ципрас, ја користи стабилноста како адут.
„Дали ќе продолжиме да градиме силна Грција или ќе се вратиме во времето кога Грција беше парија во Европа?“, праша тој на митингот во североисточниот град Касторија.

Последните анкети даваат водство на владејачката централно-десничарска Нова демократија. Од 2016 година, додека ја предводи Кирјакос Мицотакис партијата никогаш не ја изгубила водечката позиција во анкетите на јавното мислење. Анкетата на Скај и дава предност на партијата Нова демократија од 6,5 поени. Според истражувањата Нова
демократијата има поддршка од 33%, потоа СИРИЗА – 26,5%, социјалистичката ПАСОК – 9%.
комунистичката ККЕ – 6%, националистичкото „Грчко решение“ – 3,5%, и МеРА25 на
Јанис Варуфакис – 4%.
Во анкетата на МРБ/ОПЕН, Нова Демократија има 31,4%, потоа СИРИЗА со 26,4%.
ПАСОК со 8,3%, ККЕ со 5,6%, Грчко решение со 3,2% и МеРА25 со 3,1%.  Запрашани за нивните преференции за влада по изборите, 39 отсто од испитаниците во анкетата на Скај одговориле дека би сакале влада под раководство на претходниот премиер Киријакос Мицотакис, додека 27 отсто би сакале да го видат лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на чело. Еден од пет изјавија дека не  претпочитаат ниту еден од двајцата лидери.ма за цел да информира