Грција со нови 177 случаи со Ковид-19, еден пациент почина


 

Во Грција денеска се пријавени нови 177 случаи со корона вирус, а едне пациент починал од последиците од Ковид-19.

Меѓу 177 новозаразени, кај 20 корона вируст е потврден на гранична проверка на патниците.

Со вчерашните бројки, вкупниот број заразени во Грција изнесува 9.977.

Во грција од Ковид-19 досега починаа 260 луѓе.

На интензивна нега има 36 пациенти.