Грција со 436 новозаболени


Во Грција денеска се потврдени 436 случаи со Ковид-19, а шест пациенти починаа од последиците од инфекцијата, соопшти грчката Организација за јавно здравје.

Од новозаболените 65 се поврзани со постоечки кластери, додека 17 се увезени од странство, пренесе АНА.

Порасна и бројот пациенти на апарати – дури 91 се интубирани во болниците.

Најмногу заразени во моментот има во областа Атика – 219, но и во Солун – 33, Јанина – 20 и други.