Грција сепак ги отвори границите со Бугарија за граѓаните на Србија


Владата на Грција доцна вечерва донесе одлука да дозволи премин на границата за државјаните на Србија меѓу Бугарија и Грција.
Српскиот конзул во Атина успеал да издејствува граничниот премин „Промахонас“ да го отвори за граѓаните на Србија кои цел ден чекаа да влезат во Грција.
Како што дознава „Новости“ српските туристи полека ја минуваат границата и заминуваат во летувалиштата.
Како што наведуваат до Владата на Србија утре би требало да стигне документот кој гарантира дека сите Срби ќе можат да ја поминат границата Бугарија-Грција.
„По целодневни разговори со надлежните во Грција, ме известија дека вечерва ќе почнат да ги пуштаат нашите граѓани преку бугарско-грчката граница“, рече министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Блиц“.
Инаку, денеска километарски колони беа забележани на граничниот премин „Промахонас“, каде се пропуштаа граѓани на земји дел од ЕУ, но не и српските туристи кои беа враќани.