Грција ја посетиле помалку туристи, но повеќе трошеле


Грција- Во првата половина од годината Грција ја посетиле помалку туристи од истиот период лани, но затоа трошеле многу повеќе, покажуваат податоците што ги објави Банката на Грција.

Бројот на посетители во првото полувреме беше 9,4 милиони, што претставува пад од 0,5 проценти во однос на првата половина од претходната година. Но приходите бележат раст од 15,3 проценти, на 5,5 милијарди евра, што значи дека потрошувачката по глава на жител се зголеми за 16,4 проценти. Притоа, за 5,2 отсто биле намалени туристите од 27. земји членки на ЕУ на 6,3 милиони но има раст од 11 проценти кај посетителите кои не се од ЕУ, на 3 милиони посетители.

Грција ја посетиле 1,3 милиони Германци, што е помалку за 7,1 отсто, додека кај туристите од Британија има раст од 4 проценти – на 1,3 милиони. Дошле и 528.000 Французи, 422.000 од САД и 153.000 туристи од Русија.