Грција ја погоди уште еден силен земјотрес


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја стресе централна Грција, соопшти германскиот центар за истражување геоуки.

Во соопштението се наведува дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Грчкиот портал Екатимерини наведува дека јачината на земјотресот била 5,3 степени.

Епицентарот бил на 19 километри од Елсон.