Грција ги затвора трите најголеми бегалски кампови?


Грчката влада планира постепено да ги затвора трите најголеми бегалски кампови на островите во Егејското море и да ги замени со прифатни центри од затворен тип.

Целта на грчката влада е да го намали притисокот на преполните кампови и да го забрза процесот на враќање на илегалните емигранти.

„Таканаречените хот-спотови на Лезбос, Самос и Хиос ќе бидат заменети со ’центри за заминување и идентификација’“, изјави портпаролот на владата Стелиос Петсас.

Новите кампови ќе бидат наменети за мигрантите кои немаат никакви шанси да добијат азил во ЕУ и ќе бидат од затворен тип.

Сите за кои ќе се процени дека се вистински бегалци ќе бидат префрлени во кампови на копнениот дел од Грција.

Бегалските кампови се отвори со цел да се разделат бегалците од економските мигранти, во склад со договорот на ЕУ со Турција од 2016. година за мигрантите.

Меѓутоа, камповите станаа преполни, што предизвика напнатост со локалните жители, дури и насилство.

Пет кампови се предвидени за 6.200 луѓе, а сега во нив живеат 36.000 луѓе.