Грчкиот пејач Јоанис Лакис вечер ќе настапи во Струмица, утре во Скопје
Амбасадата на Грција најавува два претстојни настапи во живо на грчкиот пејач Јоанис Лакис, кои ќе се одржат во Струмица во петок, на 24 април во 20:00 часот, во Градската галерија и во сабота, на 25 април, во 20:00 часот, во поткровјето на Public Room во Скопје.
Познат по својот експресивен глас и препознатлив уметнички стил, Јоанис Лакис, се наведува, ќе настапи во придружба на Манолис Басис (бузуки) и Панос Космидис (пијано), изведувајќи внимателно одбран репертоар од традиционална грчка музикa.

-Преку овие концерти, Амбасадата на Грција има за цел дополнително да ја промовира културната размена и да ги зајакне врските на пријателството меѓу Грција и Северна Македонија, истакнувајќи го универзалниот јазик на музиката како мост меѓу народите, стои во соопштението од Амбасадата на Грција.
Влезот е бесплатен, но потребна е претходна регистрација (RSVP): овде (Струмица) и овде (Скопје).