Грчката влада призна дека го извезла шпионскиот софтвер „Предатор“ во Судан
Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис призна дека владата на Нова демократија дала дозвола за извоз на нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан, кој сега се соочува со драматична граѓанска војна.
Но, зборувајќи за радиото Реал ФМ, министерот инсистираше дека „извозната дозвола дадена на ‘Предатор’ и Судан нема никаква врска со граѓанската војна. Граѓанската војна не беше предизвикана од ова“.
Неговата изјава ја разоткри владата, која досега ја негираше, а владиниот портпарол Јанис Оиконому ги опишува прашањата на Сириза за ова како „заговор“.
Прашањето за издавање дозволи за извоз првпат беше објавено од истражуваќкиот медиум Inside Story и „Њујорк тајмс“, што ја поттикна Европската комисија да побара објаснување.
Сепак, потпретседателот на Комисијата Валдис Домбровскис неодамна откри дека грчките власти не одговориле на барањето за информации испратено на 14 февруари.
Европратениците од Сириза ја притискаат Комисијата да го расветли случајот со последователни прашања, додека европратеникот на групата Обнови ја Европа го повикува Домбровскис да преземе акција.
Обвинител на ЕУ започнал истрага за таканаречениот „Предаторгејт“, вклучувајќи го и прашањето за извозните дозволи. Два различни извори за „Еурактив“ изјавија дека обвинителот на ЕУ во последните недели добил конкретни информации од грчките новинари кои го истражувале скандалот со прислушувањето.
„Лицата кои сведочеа пред обвинителите доставија докази кои докажуваат дека администрацијата на (премиерот) Киријакос Мицотакис го олеснила ширењето на шпионскиот софтвер ‘Предатор’ на „Интелекса’ во земји како Саудиска Арабија, Судан, Мадагаскар и Бангладеш со давање дозволи за извоз преку грчкото Министерство за надворешни работи“, рече еден извор близок до предметот.
На правно ниво, обвинителот на ЕУ испитува дали грчката влада ја прекршила Регулативата (ЕУ) 2021/821 за таканаречените производи со „двојна употреба“ (т.е. производи за кои е потребна посебна дозвола за извоз бидејќи тие исто така може да се користат за да предизвика штета) да ја фаворизира грчката компанија „Интелекса“.