Грчка единица за справување со катастрофи утре ќе презентира спасувачка опрема во Скопје

Во рамки на настаните организирани од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје,Специјална единица за одговор при катастрофи од Солун во соработка со противпожарната бригада на градот Скопје, Службата за заштита и спасување и Црвениот крст на Северна Македонија, утре во 11 часот во Спортско-рекреативниот центар во паркот на општината Сарај ќе одржи демонстрација на противпожарна и спасувачка опрема за јавноста.
Влезот на настанот ќе биде бесплатен.