Грчев: Проектот „Скопје 2014“ заглави меѓу Министерството за култура и Владата


Во Само интервју на Канал 5 гостуваше Мирослав Грчев професор на архитектонски факултет и член на работната група за ревизија на проектот Скопје 2014.

-Работната група која што требаше да направи анализа и да даде предлог мерки за справување со проектот Скопје 2014 беше формирана со решение на министерот за култура 2017 година. За самиот проект можам да кажам дека тоа беше една диктаторска визија авторитарна по угледот на големите диктатури, по примерот на Садам Хусеин или Хитлер.

Сите планови на објектите на овој проект се неуставни. Како работна група решивме да работиме објект по објект, споменик по споменик.

– Ние изготвувавме елаборати, но тие заглавија на патот меѓу министерството за култура и Владата. Во минатите три години владата се фокусира на геополитички и егзистенцијални прашања, ова не беше приоритет, рече Грчев.