Гран при во Ф1 на Саудиска Арабија ќе се вози ноќе

Следната сезона трката од светскиот шампионат во Формула 1 во Саудиска Арабија ќе се вози ноќе.

Саудиска Арабија ќе стане 33-та земја што ќе организира етапа на кралските трки.

Домаќин на саудиското Гран при ќе биде градот на брегот на Црвеното Море, Џеда.

Еден дел од патеката ќе се протега по самиот брег.