Граѓански бунт во Софија по смената на спикерот на собранието


Кирил Петков им се обраќа на насобраните граѓани

 

Новоформираното мнозинство во бугарскиот парламент кое го смени спикерот Никола Минчев предизвика повеќе илјади граѓани да излезат пред собранието на граѓански бунт против овој (не)очекуван сојуз. Веќе четврти час илјадници граѓани протестираат против одлуката за смена на Минчев, а тензиите ескалираа во 22 часот по бугарско време, откако полицијата спречи напад врз пратениците од националистичката партија Преродба при нивното изведување од собранието. Тензиите потоа се намалија.

Сообраќајот околу зградата на собранието беше запрен, а министрите и пратениците беа блокирани внатре по завршувањето на седницата за ребалансот на буџетот. Луѓето надвор се револтирани и ентузијастички ја изразуваат својата поддршка за владејачката партија Продолжуваме со промената, а полициски кордон го обезбедува парламентот. Демонстрантите ги пуштија да излезат само пратениците на Продолжуваме со промената, Демократска Бугарија и на БСП.

„Пријатели, додека сме сите овде заедно, не е страшно, тоа е само мал чекор кон тоа да ја извојуваме државата“, им порача премиерот Кирил Петков на граѓаните собрани околу зградата на парламентот. Никола Минчев со гласовите на ГЕРБ, Има таков народ, ДПС и Преродба и се смета дека е генерална проба за рушење на владата на Кирил Петков.

„Пријатели, едно ви ветуваме: додека сме овде, нема да им ја дадеме Бугарија на овие мафијаши, ќе се бориме до крај“, рече Минчев, а толпата извикуваше „Никола!“, „Заедно!“ и „Победа“. Демонстрантите извикуваа и „Мафијата надвор!“.