Граѓаните сакаат безбедност при онлајн плаќање, но не знаат да препознаат сигурни интернет страници

Граѓаните повеќе сакаат безбедност при плаќање на интернет, отколку брзина на трансакциите при плаќање. Истржување спроведено од Виза, покажува дека повеќе од половина бараат безбедност, но една третина не знаат да идентификуваат веб страница со безбедна врска за плаќање.

Спроведената онлајн анкета покажала дека 60 отсто од испитаниците сакаат поголема безбедност пред брзината на трансакциите при плаќање. Половина од испитаните не биле информирани за постојните механизми на заштита и секој трет испитаник не успеал да одговори на прашањата поврзани со безбедноста на плаќањата преку интернет.

Со цел подигање на свеста за безбедносните карактеристики на дигиталните плаќања, Виза започна регионална кампања наречена „Зачувај и заштити – приоритети на дигиталните плаќања“, целејќи кон едукација на корисниците за тоа како да плаќаат безбедно и преку Интернет и директно лице-во-лице користејќи дигитални инструменти за плаќање.

Во соопштението наведуваат дека секој трет испитаник во истражувањето изјавил дека се чувствува посигурно кога плаќа со картичка. Сепак, 20 проценти од испитаниците избираат најпогоден метод без да ја земаат предвид неговата безбедност. Плаќањата преку мобилен со банкарска картичка која е вметната во паметниот телефон, се нешто што сѐ уште не е широко препознаено кај потрошувачите и со тоа има голем потенцијал за понатамошно усвојување.

Кога станува збор за ПИН кодот, единствениот идентификациски број кој служи за заштита од неовластено користење на картичката, луѓето често го истакнуваат фактот дека ја забораваат точната комбинација, но сепак овој вид мерка на безбедност ги прави да се чувствуваат посигурни. Мнозинството од луѓето кои што учествуваа во онлајн анкетата, односно над 80 проценти, изјавиле дека нема да го дадат или да го кажат својот ПИН-код на некого друг.

Над 15 проценти од испитаниците погрешно го поврзаа CVV2  трицифрениот број сместен на задниот дел на Виза картичката и се користи за потврда при плаќање преку Интернет со QR кодот во нивните одговори, што може да се искористи за плаќање преку апликации.

– Довербата во Виза е сѐ. Инвестираме многу за да ја зачуваме и зајакнеме безбедноста на секоја трансакција со Виза. Преку искористување на моќта на напредната технологија и иновација, ние темелно анализираме повеќе од половина милијарда плаќања ширум светот секој ден, заштитувајќи го интегритетот на екосистемот на плаќање. Нашите достигнувања во предвидливата аналитика, токенизацијата и биометриското управување ни овозможуваат да ја одржуваме измамата на историско ниски нивоа. Тоа е уникатна комбинација на заштита што ја прави нашата платежна мрежа безбедна и беспрекорна, затоа што ние веруваме дека модерната трговија се базира првенствено на искуството за безбедно плаќање за сите, вели Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на Виза за Југоисточна Европа.

Резултатите од истражувањето исто така покажаа дека 40 проценти од испитаниците не знаат како да идентификуваат веб-страница со безбедна врска за плаќање.Таков е случајот со интернет адресите кои имаат буква „s“ по “http”. Протоколот https е дизајниран да издржи упади од хакери и се препорачува како посигурен за плаќања преку Интернет.

Од Виза oценуваат дека „Зачувај и заштити – приоритети на дигиталните плаќања” кампањата ќе помогне да се подигне свеста на потрошувачите за основните безбедносни мерки за да се овозможи искуство со безбедно плаќање при користење решенија за дигитално плаќање.

– Екосистемот за плаќање постојано се развива, а исто така и начините на кои го обезбедуваме. Новите технологии за автентификација и анти-измама ќе обезбедат безбедно, едноставно и сигурно искуство за купување, без оглед каде е корисникот и кој уред го користи за да изврши исплата. Со кампањата „Зачувај и заштити – приоритети на дигиталните плаќања”, сакаме да го насочиме вниманието на корисниците кон важноста на безбедноста, како и подобро да ги запознае со придобивките од безбедната мрежа и новите технологии, посочи Ѓорѓевиќ.