Граѓаните протестираа пред Усје, Цементарницата тврди дека не загадува


Граѓани и активисти од здружението „За чист воздух“, денеска организираа протест пред цементарницата Усје. Капацитетот се посочува како еден од виновниците за загадувањето на воздухот во Скопје заради согорувањето на отпад во пеќките на цементарницата. Простестот започна со едноминутен молк за жртвите од енормното загадување на воздухот во главниот град, а присутните на генералниот директор Борис Хрисафов му доделија пехар за најголем загадувач.

Граѓаните и активистите за време на протестот го блокираа влезот во Усје и ги прочитаа своите барања. Од цементарницата се бара да не користи отпад како гориво, а од властите да се забрани употреба на секаков отпад додека не се усвојат контролни механизми и директиви и вклучување на граѓанскиот сектор во инспекциските надзори. Од здружението !За чист воздух“ побараа и акредитирање на лабораториите на Министерството за животна средина и Хемискиот факултет.

„Во Македонија има 150 инсталации со А интегрирана дозвола и поовеќе од 500 со Б дозвола. Тоа е една голема маса на загадувачи заради што бараме итна имплементација на европските директивисо кои се регулира начинот на мониторирање на инсталациите, транспарентноста, автоматските мониторинзи, вршењето на инспекциски надзор, побара Тони Никушевски од здружението „За чист воздух“.

Од Цемантарница Усје, пак посочуваат дека се отворена компанија за што потврдува и фактот дека и денеска ги поканиле граѓаните кои дојдоа да протестираат да ги посетат, да ги постават сите прашања и да се уверат на самото место дека работат по највисоките стандарди.

„Потенцираме дека Уеје работи согласно највисоките стандарди и нашата работа нема никаква корелација со состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје. Овие наши тврдења можат да се проверат во кое било време, а сите податоци се јавно достапни“, информираат од Усје. (Н.В.)