Граѓани масовно се приклучија на Бадниковите поворки во Кисела Вода


Граѓани масовно се приклучија на Бадниковите поворки што тргнаа од пред општината Кисела Вода. Меѓу нив има и возрасни и деца, а целта е да се приклучат на останатите верници кои ќе го одбележуваат празникот пред главниот соборен храм во Скопје.

Бадниковите поворки денес ќе се одржат во 80 населни места вклучувајќи ја и дијаспората. За првпат во организацијата се приклучуваат и Македонците од Словенија.Новитет годинава е новата божиќна пештера која стои на плоштад „Македонија“.

Интересот на бадникарите кои се вклучени во подготовките расте од година в година, а очекувањата се дека оваа година ќе има најгоелма бадникова поворка досега, како во Скопје така и во останатите општини.Во Скопје поворката ќе започне од Музејот на град Скопје на пладне.Според организаторите се очекува над 3000 дечиња да бидат дел до Бадниковите поворки.