Градоначалникот на Торонто поднесе оставка поради врска со советничка


 

Градоначалникот на Торонто, Џон Тори (68) поднесе оставка веднаш откако весникот „Торонто стар“ во петокот пишуваше за неговата интимна врска со многу помлада советничка.

Тори, во соопштението во кое објави дека поднесува оставка, призна дека бил во врска со 31-годишната советничка, како и дека врската е завршена, а дека таа жена повеќе не работи во градската управа, пренесе Ројтерс.

„Многу ми е жал и безрезервно им се извинувам на граѓаните на Торонто и на сите оние кои се погодени од моите постапки“, наведе Тори извинувајчи се, „пред се“ на својата сопруга Барб и на семејството, кое признава, „го изневерил повеќе од другите“, Тори рече дека неговата врска почнала за време на пандемијата со Ковид-19, а дека „е завршена со обострана согласност порано оваа година“.

„Длабоко жалам што морам да се повлечам од работата која ја сакам во градот кој го сакам уште повеќе. Верувам дека најдобро е во потполност да се посветам на работата која е неопходна за да ги поправам најважните (семејните) односи“, напиша Тори во соопштението.