Градоначалникот на Охрид: За сите дивоградби со кривична пријава ќе нема спас


Во Охрид има околу 700 нелегални градби, но за секоја дивоградба за која има кривична пријава ќе нема спас, па било чија да е, рече градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, говорејќи за Нацрт-извештајот на УНЕСКО, со кој се препорачува природното и културното наследство на Охридскиот Регион да се стави на Листата на загрозено светско наследство, поради градежната експанзија. Градоначалникот Георгиески  на прес-конференцијата рече дека проблемот со нелегалната градба е урбанистички и социјален, но тука има и бизнис интереси.

„Ние секој случај посебно ќе го разгледуваме и кога ќе ја утврдиме фактичката состојба. Ќе нема селективна примена на решенијата“, порача Георгиески.