Градоначалниците на скопските општини ќе бараат укинување на „Комунална хигиена“
Скопските општини се договориле утре да дадат предлог до Советот на Град Скопје да се изгласа укинување на јавното претријатие „Комунална хигиена“ и секоја општина да си отвори свое комунално претријатие, а даноците од граѓаните да се слеваат на општинските сметки.
Ваквата идеја била прифатена и од градоначалниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.
-Ако не се способни во Град Скопје да го сервисират она за што зема пари од граѓаните да ни ја предадат целата механизација, вклучувајќи ги и камионите за смет на нас, на општините. Во прво време самите со сопствени средства и со сопствените ресурси ќе се потрудиме ние да ги исчистиме и улиците и населбите и Градот секако. Потоа да ни ги предадат целосно надлежностите, но и финансиите кои граѓаните ги плаќаат таму. Во 21 век во еден од најтоплите месеци, ова што се случува е трагедија , вели градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Сега општините се принудени самите да бараат решение за се намали револтот кај скопјани. Но тие немаат механизација за да можат да го соберат целиот смет.