Градоначалниците на Демир Хисар и Новаци позитивни на Ковид-19


Градоначалниците на општините Демир Хисар Марјанче Стојановски и на Општина Новаци Љубе Кузманоски ја информираа јавноста дека се инифицирани од Ковид-19 и веќе се во домашна изолација.

Стојановски и Кузманоски имаат добра клиничка слика со благи симптоми предизвикани од Ковид-19, и согласно мерките за заштита од заразни болести и двајцата во наредниот период работните активности ќе ги извршуваат од дома и во координација со своите соработници во тамошните локални самоуправи.