Градоначалничко оро во кампањата на Пендаровски


Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, се развеселил за време на вчерашната трибина во општината, во рамки на кампањата на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Наумовски, според фотографија што ја објави на својот фејсбук профил, на крајот се фатил на оро откако во Домот на културата во општината, каде што и се одржуваше трибината, дошле свирачи со зурли и тапани.

Претходно, во својот говор пред присутните, Пендаровски, осврнувајќи се на информациите дека кај претседателот Ѓорге Иванов пристигнале повеќе барања за аболиција за 27 април, истакна дека кога тој ќе стане претседател нема теоретски шанси да амнестира криминалци кои, како што рече, сакаат да убиваа  други  граѓани  на оваа земја.

Тој човек, наведе Пендаровски, осум години беше нем како риба за сите зулуми што ги правеше таа власт, а последните две години направи сѐ ама буквално сѐ за да го закочи прогресот.

– Се тоа ќе биде поправено во првата недела од мојот мандат и ќе му биде вратено на народот она што му припаѓа, рече Пендаровски.