Градоначалничкaта на Париз ги осуди Маск и Х: Тие дејствуваат намерно за да ги влошат конфликтите


Градоначалничката на Париз, Ен Идалго, најави дека ќе го напушти „Икс“ (X) поранешен Твитер на Маск, бидејќи смета дека платформата во последните години стана оружје за масовно уништување на демократијата.

Идалго е првата меѓу француските политичари од висок профил што објави дека ја напушта платформата.

X се соочи со критики за ширење дезинформации откако Маск ја купи компанијата, што кулминираше во последните недели со содржина за војната меѓу Израел и Хамас.

Без да го спомене името на Елон Маск, сопственикот на X, Идалго укажа на неговата одговорност за промените направени на страницата откако ја презеде компанијата во октомври 2022 година.

„Оваа платформа и нејзиниот сопственик намерно дејствуваат за да ги влошат тензиите и конфликтите. Тие, исто така, намерно ги попречуваат информациите неопходни за да се дојде до радикалната еколошка и енергетска трансформација што ни треба… Ние постојано можеме да негираме, изложуваме и објаснуваме, но создадената врева од лажните вести секогаш ќе бидат многу поголеми од ехото на потврдената вистина. Да не погрешиме. Ова е многу јасен политички проект кој сака без демократијата и нејзините вредности за моќни приватни интереси“, рече Идалго во соопштението објавено на X.