Градинката „Пролет“ во Влае ќе се грее на обновливи извори на енергија

Општина Карпош доби средства за промена на системот на греење на детската градинка „Пролет“, во Влае. Целосно ќе се замени постоечкиот систем на греење со нафта. Стариот и неефикасен котел на нафта како значителен загадувач ке биде заменет со систем од обновливи извори на енергија – термални пумпи (воздух/вода).

Локалната самоуправа аплицираше на Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадување за 2019 година, објавен од Владата на Република Северна Македонија, при што врз основа на подготвениот проект се одобрија средства во износ од 55.000 евра.

На овој начин, ќе се придонесе кон заштита на животната средина, намалување на аерозагадувањето и значителна заштеда на средства за потрошувачка на топлинска енергија, соопшти Општина Карпош.