Градежниот отпад во контејнерите може да ги оштети машините на комуналните возила


Во општината Ѓорче Петров, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје регистрираа големо количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Црвена армија, во близина на стадионот.
Градежниот отпад може трајно да ги оштети садовите и специјалните комунални возила и на тој начин да предизвика финансиска штета за Претпријатието, но и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.
Ги информираме граѓаните дека според Законот за јавна чистота, отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата, не смеат да го одлагаат во садовите за отпад поставени на јавни површини.