Градежен работник на мостот во Аеродром спасил старец што го извадил од водите на Вардар


Во петокот, во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродорм, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М.(81) од Скопје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил.

Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од неговата снаа М.А.(45) од Скопје било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.