Град во Ново Лисиче


Силно невреме со пороен дожд го зафати Скопје. Во Ново Лисиче паѓа град со големина на лешник. Канализацијата изби и враќаше вода. До втори кат во зградите се враќаше вода на терасите.

УХМР веќе најави дека ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.